12:48 - 7 ноември, 2026

Наум Петрески каков што не го знаеме, пејачот сподели необична слика

Наум Петрески сподели една необична слика од него, на која фолк-пејачот е речиси непрепознатлив.

Станува збор за постара фотографија која била на насловната страница на ревијата „Екран“, а Наум е облечен како нуркач.

Пејачот кусо ја искоментирал оваа слика која ја реобјави Фејсбук страницата ВБУ Музички регистар. „Едни кинати времиња“, напишал Наум Петрески.

наслов Фото/ Фејсбук

За семејството на фолк-пејачот се знае дека Македонка, постарата ќерка на Наум Петрески и на Зуица дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност, во класата на Весна Ѓиновска-Илкова.

Помалиот син Стефан е средношколец и изучува музика н исто како и неговата сестра, во фолклорниот оддел.  Велат дека крушата под круша паѓа, па тој ја наследил музикалноста од своите родители.

Зуица како горда мајка објавила слика од својот син, како пее македонски традиционални песни со народен оркестар, и напишала: Поддршка за младите чувари на традицијата. На сликата се гледа и дека Стефан навистина наликува на својот татко Наум кога беше помлад.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....