23:32 - 6 ноември, 2026

Наташа Беквалац за финансиските проблеми: „Се надевам дека нема да завршам во лудница“

Наташа Беквалац, позната и како „новосадска барбика“, често знае да се пошегува на своја сметка, а овој пат отворено проговори за финансиските предизвици со кои се соочува.

Таа искрено призна дека ситуацијата не е добра и дека станува сè полоша.

„Ситуацијата се влоши, кога станува збор за финансиските проблеми. Сè е полошо. Кој знае дали ќе завршам во затвор. Се надевам дека нема да завршам во лудница, тоа ми е многу поважно“, изјави Наташа за телевизијата „Хајп“.

Да потсетиме, нејзината сестра Кристина Беквалац, која воедно е и нејзин близок соработник, неодамна зборуваше за нејзините несигурности.

„Често се караме, пред сè затоа што таа постојано мисли дека има многу целулит и секогаш сака да носи три тони некакви чорапи, што мене многу ме нервира“, раскажа таа. И покрај овие мали несогласувања околу стилот, Кристина на крајот имаше само пофални зборови за пејачката:

„Генерално, таа навистина е мојот најпрекрасен клиент и повеќе ми е од сестра, па еве да ја пофалам.“

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....