08:27 - 7 ноември, 2026

Десингерица за естрадата, колегите и пороците: „Да не се случеше музиката, ќе бев мртов до 25 години“

Драгомир Деспиќ Десингерица отворено проговори за колегите од естрадата, музиката што ја слуша приватно, како и за пороците на кои, како што вели, во моментов не им е склон.

Раперот не сакаше да издвојува никого како најсимпатичен, нагласувајќи дека го почитува трудот на сите.

„Со сите од естрадата комуницирам. Не би издвоил никого, ничиј труд – штом се таму, значи дека добро работат. Секој се бори за себе, го почитувам сечиј труд, не би делел. Слушам сè, и странско и домашно. Во кола знам да пуштам нешто што можеби е и непознато, таа енергија ме носи. Понекогаш сакам да пуштам и Ју-екс рок или Ѓорѓе Балашевиќ“, изјави тој.

Деспиќ се осврна и на пријателството со Бака Прасе, истакнувајќи дека се во одлични односи.

„Бака и јас сме вистинска бомба. Многу сме блиски, постојано се слушаме и разговараме. Навистина го сакам, искрено да ти кажам, нема ништо лошо. Неодамна купувавме автомобили и двајцата, па малку си правевме муабет“, рече Десингерица.

Тој откри дека не е приврзаник на пороци и дека музиката целосно го смирила.

„Не пијам, не користам дроги. Порано имаше сè и сешто, но денес немам време. Убаво кажав – музиката многу ме смири. Да не се случеше музиката, ќе бев мртов до 25 години. Можеби и би правел глупости, но немам време“, се пошегува Десингерица.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....