16.8 C
Скопје
13:29 - 26 септември, 2026

Најзгодната хрватска навивачка со порака до Англичаните: „Им реков на Би-Би-Си дека ќе ги разбиеме“

Хрватската репрезентација вечерва од 22 часот по хрватско време го отвора настапот на Светското првенство со натпревар против Англија на стадионот АТ&Т во Далас.

Во пресрет на дуелот од групата Л, во Далас беше организирана голема навивачка парада на хрватската заедница „Ми Хрвати“, на која присуствуваше и најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол.

Кнол, која во Далас пристигна во понеделникот, откри дека ова е нејзино четврто Светско првенство.

„Во Бразил резултатот не беше добар, но атмосферата беше одлична. Во Русија го имавме најдобриот резултат, а Катар беше посебен за мене. За ова првенство допрва ќе видиме“, изјави таа.

На прашањето што очекува од настапот на Хрватска на Мундијалот, Кнол беше јасна: „Секогаш имам големи очекувања. Јас никогаш не играм на мало.“

Во последните години Ивана успешно гради и кариера како диџеј, која, како што вели, во моментов ѝ е главен фокус.

„Неодамна настапував како диџеј на ФИФА Фан фестивалот во Лос Анџелес. Беа продадени повеќе од 40.000 влезници. Мојата кариера тргна во поинаква насока. Тоа сега е мојот фокус, но секако дека секогаш ќе дојдам да ја бодрам репрезентацијата и да присуствувам на големите натпреварувања“, рече Кнол.

Таа додаде дека планира да остане во САД до крајот на Светското првенство.

На прашањето дали во сегашниот состав има некој нов играч што особено ѝ се допаѓа, Кнол одговори дека нема конкретен фаворит.

„Мислам дека играме добро. Ова не е нашата најдобра постава, но нашите играчи секогаш знаат да изненадат. Секогаш минуваат на пенали, па тоа го очекувам и на ова првенство“, изјави таа.

А кога беше прашана што очекува од вечерашниот натпревар со Англија, испрати самоуверена порака до англиските навивачи.

„Им реков на Би-Би-Си дека ќе ги разбиеме и дека треба да бидат среќни што тоа ќе им се случи сега, а не подоцна“, порача Ивана Кнол.

Слични објави

(Видео) Цеца се огласи од теретана – пејачката беше мокра до гола кожа после тренингот

Еспресо

„Шест месеци не плаќав кирија, знаеше дека не работам“: Пејачката три години живееше во станот на Ацо Пејовиќ и откри сè за тешкиот период

E.A.

(Фото) Ивона Јо направи тетоважа во спомен на починатиот татко: „Вечно впишан на мене и во мене“

Еспресо

Ретко ги гледаме заедно – Данијела Мартиновиќ објави фотографија со помладата сестра

Еспресо

„Живееме скромно, но тука убаво ме лечат“: Вака зборуваше Димче Мешковски за животот во Америка

Еспресо

Хороскоп за 26 септември: Биковите ќе имаат радосни моменти со блиските, Рибите ќе бидат водени од интуиција

Еспресо
Се вчитува....