15:37 - 7 ноември, 2026

Најемотивниот ден за Цеце Николова пред камерите, водителката се воздржа од солзи

Водителката Цеце Николова во повеќе наврати храбро и отворено зборува за алопецијата и за тешките мигови низ кои минала во животот, откако ја оставиле родителите. Години потоа, таа е среќна за сите успеси што сама ги постигнала. Како дел од тимот на Канал 5 во утринската „Здраво Македонијо“, Цеце вели дека ужива пред камерите, но и во животот.

„Мојата огромна желба да не сум жртва во ничии очи ниту да живеам така, беше главниот мотив да пребродам сè и да продолжам понатаму. Во ред, ме оставиле родителите, сум имала тешко детство, но никогаш не сакав животот да го посветам на жалење по нешто што не сум го имала“. рече водителката за „Слободен печат“.

Цеце емотивно реагираше на прилог кој го пуштија на Канал 5 телевизија, за Катерина од источниот дел на Македонија која исто така има алопеција. Гледачката рече дека водителката Цеце ја охрабрила откако ја извадила периката, и таа го сторила тоа, а претходно немала храброст зашто живее во мало место.

„Додека го гледам прилогот се обидѕвам да ги срочам зборовите, и нема да кријам дека ми е многу емотивна оваа тема.Огромен поздрав до Катерина и до сите девојки кои имаат алопеција, и оние кои што се срамат да го покажат тоа, и оние кои се храбри.

Јас на 21 август, кога е месецот на подигнување на свеста за алопецијата ве охрабрувам сите да си бидете свои и да се чувствувате одлично во сопствената кожа“, рече Цеце меѓудругото, и храбро се воздржа од солзите, а целиот прилог можете да го видите ТУКА. 

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....