18:44 - 24 август, 2026

Најемотивната приказна што ја сподели Јана Стојановска за татко ѝ Ненад кој го загуби на 13 години

Емотивна приказна за бардот на македонското глумиште Ненад Стојановски сподели Војо Љ. Цветановски, кој е познат како пантомимичар, писател, режисер, колумнист и уличен артист. Во приказната е и ќерката на Ненад Стојановска, актерката и пејачка Јана Стојановска.

Таа имала само 13 години кога го загубила татко ѝ, а сестра ѝ, актерката Ана Стојановска 9. На вчерашен ден, 19 август во 1952 година е роден Ненад Стојановски, кој почина многу млад, на 14 јули во 1998. Јана сподели стари слики со својот покоен татко на неговиот роденден, но ја сподели и приказната од Цветановски во која се раскажува и за неа.

Јана и Ненад Стојановски Фото/Фејсбук
„После подолго време попладнево седнав во бифето на Драмски театар. Отворам меморис да видам што сум објавил на денешен ден. Прв ми излегува постот подолу што ќе го прочитате. Али пази, ми излегува баш во Драмски театар. Ништо не е случајно. Си велам, постојат работи кои секоја година вредни се да ги повторуваш, за никогаш да не се заборават.
На Ненад од срце. Кај нас у маало *Три Бисери* позади двете бели војни кули има плочкаста безимена уличка која ги спојува белиот трговски кај што денес е сендвичарницата ‘7’ и тревникот, односно паркинг улицата која носи до нашите згради. Имав дванаесет години. Мајка ми ме прати да купам јуфки и јогурт во продавницата попозната и по името “Камелија”. (оние што знаат – знаат)
Купив. На враќање минував точно од зад двете војни кули по плочкаста безимена уличка. Од другата страна на истата, длабок глас ја пееше ‘Загрли ме око врата олуја се диже…” од Арсен Дедиќ. Ја пееше татко им на Јана и Ана, чичко Ненад, нашите соседи. Тогаш првпат ја слушнав таа песна.
Кога се разминувавме ми рече:
– Кај си бе копиљ – ми се насмеа, ме погали по главата и си продолжи по патот заедно со Арсен, сврте и рече – Еј, поздрави ги дома. Можеби тоа е еден од пресудните моменти зошто денес се занимавам со театар, кој да ти знае, Пиги?
п.с. беше Јана со нејзиниот Ненад годинава на Статуафест, баш ми е криво што не успеа да го видиш Статуафест. Знам дека ќе ме “испи*караше” и милион маани ќе најдеше, ама нема везе, барем знам дека од добро што ми мислиш ќе ме “испи*караше” и ќе ми кажеше што да поправам. Одма!
Среќен роденден, Ненад Стојановски. Вечна слава“, напиша Цветановски.
Фото/Фејсбук принтскрин
Ненад инаку се вика и синот на Јана Стојановска, кој таа го роди во септември во 2017,  во седмиот месец, откако сосема неочекувано, два месеци пред терминот за породување, ѝ пукнал водењакот. Актерката тогаш рече дека бебето се вика Ненад и по татко ѝ, и по моментот дека сите ги изНЕНАДил.

 

Слични објави

Нада Обриќ: Го тешев сопругот кога имаше проблеми со љубовницата

Е.А.

На Десислава Радева очигледно многу ѝ се бендисува стилот на Меланија Трамп, па често се инспирира од модните комбинации на словенечката манекенка

Еспресо

„Имав 300 жени, понекогаш дури и против моја волја“: Халид Муслимовиќ проговори за интимниот живот во младоста

Е.А.

(Фото) Сања Вучиќ го покажа момчето што го крие од јавноста: Го прегрнува додека сонцето заоѓа над и не крие колку е заљубена

Еспресо

(Видео) Безвременскиот хит на ДНК и Ена „Од утро до мрак“ доби ново руво

Еспресо

Бев најрадосна за сите лижавчиња, чоколатца и по некоја ситна паричка на крајот од мојот „сценски настап“: Сузана Спасовска слави роденден

Еспресо
Се вчитува....