17.8 C
Скопје
20:34 - 21 октомври, 2026

На само седум жени во светот им е дозволено да не носат црно пред папата

папа франсис

Сите жени кои ќе дојдат на приватна аудиенција кај папата, според протоколот, би морало да носат црно и вел. Вел не мора да носат ако имаат кратка коса.

Сепак, во моментов постојат седум жени во светот кои не мора да носат црно пред папата и ним им е дозволено да се појават пред папата во бело.

Оваа привилегија се нарекува le privilege du blanc на француски или il privilegio del bianco на италијански, а ја користат католичките кралици и принцези.

„Привилегијата на белото“ во моментов може да ја користат принцезите, војвотките и кралиците: Шарлин од Монако, големата војвотка од Луксембург Марија Тереза, две белгиски кралици (Матилда, сопруга на кралот Филип и Паола, неговата мајка), две шпански кралици ( Летиција, сопруга на кралот Филип и Софија, неговата мајка) и Марина, принцезата од Неапол.

Привилегијата не им се одобрува на жените на сите католички монарси или на жените на некатоличките монарси. Иако се католици, привилегијата не им се одобрува на сопругите на кралот на Лесото или на сопругата на принцот од Лихтенштајн. Исто така, до 2013 година ова право не ѝ беше одобрено на сопругата на принцот од Монако. Привилегијата не ѝ е одобрена ниту на холандската кралица Максима, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилием Александар.

Кралицата Елизабета Втора неколкупати се сретнала со папата без црнина, но тоа се случувало на неформални средби.

Правилото на црниот фустан и вел го почитуваа повеќето сопруги на државници и политичарки кои се сретнале со папата, меѓу кои и поранешните американски први дами Мишел Обама и Меланија Трамп.

Меѓутоа, во последните години ова правило малку се „олабави“, пишува британски „Телеграф“, па на пример Ангела Меркел, Камила Паркер Боулс, се појавија пред папата без покривка за глава, а некои од нив не беа ниту во црно облечени.

Дека се до неодамна важеше строго правило, говори и фактот дека Камила уште во 2009 година, кога првпат го посетила папата, била во црно и со вел преку главата, а дури во 2017 година се „охрабрила“ и се појавила во беж издание, без превез на главата.

И британската принцеза Дијана за нејзините средби со папата Јован Павле Втори секогаш носела облека пропишана со протоколот.

Слични објави

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.
Се вчитува....