8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

На повеќе од 700 луѓе кои сакале да се простат од Елизабета Втора им била потребна медицинска помош

На повеќе од 700 луѓе кои сакале да се простат од британската кралица Елизабета Втора, им била потребна медицинска помош, пишува „индепедент“ повикувајќи се на лондонската амбулантна служба. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Според лекарите, 81 лице биле примени во болница, повеќето од нив поради тоа што изгубиле свест што често доведувало до повреди на главата.

На простувањето од кралицата, полицијата привела и маж кој се обидел да се пробие до ковчегот со телото на Елизабета Втора за време на јавното бдеење во Вестминстерската палата.

Лондонската полиција ја потврдила информацијата за овој инцидент со изјава дека мажот е во притвор поради нарушување на мирот.

Кралицата почина на 8 септември, а погребот ќе се одржи во понеделник на 19 септември и ќе трае од 10 часот до 18.30 часот.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....