6.8 C
Скопје
08:23 - 1 април, 2026

На Емир КУСТУРИЦА ќе му биде ОДЗЕМЕНА НАГРАДА поради поддршката кон Русија?

Феро Фенич, основачот на чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“, побара на режисерот Емир Кустурица да му биде одземена наградата што ја доби во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија, бидејќи босанскиот режисер прифатил да биде на чело на Централниот театар на руската армија пред рускиот напад на Украина. Фенич изјави дека уште во 2017 година бил против Кустурица да ја добие наградата бидејќи им се восхитувал на тоталитарните лидери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinematologist (@cinematologist_)


Иако го смета за талентиран режисер, Фенич истакна дека Кустурица „не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериуми што се потребни за некому да биде доделена оваа награда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svetlana Kasyan (@kasyan_svetlana)

„Тоа се вредностите за кои се залагаме, врз основа на кои настана фестивалот. Ниту едно уметничко дело не може да се одвои од овие вредности. Тогаш управата на фестивалот не ме послуша. Сега повторно барам од „Фебиофест“ да му ја одземе наградата“, изјавил Фенич.

Иницијативата ја поддржа актуелниот директор на фестивалот, Камил Спацил, ачешката агенција ЧТК пренесува дека наградата на Кустурица наскоро ќе му биде одземена.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....