18.8 C
Скопје
15:36 - 15 март, 2026

На Цеца ѝ требаат два милиона за концерт и за албум: „Не може овој јуни…“

Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време закажува се повеќе концерти низ регионот и често е специјална гостинка на приватни прослави бидејќи сака да сними албум и повторно да одржи концерт на Ушче, а за тоа и се потребни два милиони евра, пренесуваат српските медиуми.

Нејзините обожаватели постојано ѝ испраќаат пораки дека сакаат албум од неа и концерт, а кога Светлана пресметала колку пари ѝ требаат за се тоа, сфатила дека мора повеќе да се ангажира на терен за да им даде врвен квалитет на своите верни фанови, квалитет со кој ги освоила од почетокот на нејзината кариера која трае повеќе од три децении, пренесува српски Пинк.

Последниот албум Цеца го издаде во 2016 година, а својот втор концерт на Ушќе го имаше пред 130.000 луѓе во 2013 година. Потоа пејачката објави неколку синглови, но не настапуваше често. Последна песна што ја објави е песната „За крај“, која ја сними за потребите на филмот посветен на Џеј Рамадановски „Недеља“ и преработка на нејзината стара песна „Не рачунај на мене“, која ја сними во 1994 година.

Потсетуваме, иако Цеца на почетокот на годината рече дека ќе има концерт и нови песни, неодамна во едно интервју сепак изјави дека концерт годинава сигурно нема да има.

„Не, не може овој јуни. Немам албум што е под број еден, се работи навистина на тоа, а веќе ие се шегуваат, веќе ме имитираат, па тоа е проект, па како тоа е уметност…Ги слушам песните, се гледам, се следам и се смејам“, рече Цеца за српски Телеграф.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....