10:45 - 12 ноември, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша во друштво на двајца мистериозни мажи во Дубаи: Позира во луксузен хотел

Јелена Карлеуша пред неколку дена се врати од одморот во Дубаи. Како што веќе пишуваа српските медиуми, таа престојувала во еден од најскапите хотели на Емиратите, а своите следбеници на Инстаграм секојдневно ги почестуваше со жешки видеа и фотографии од оваа луксузна дестинација.

Така, една од фотографиите која привлече најголемо внимание е онаа на која таа позира облечена во бело од глава до пети во интересен аутфит потпишан од локален дизајнер. Јелена собра околу 50.000 лајкови и безброј коментари на видеото и фотографиите во оваа комбинација, а папарацо од местото на настанот успеа да сними како навистина изгледа снимањето и фотографирањето на Јелена за социјалните мрежи, пренесува српски „Курир“.

PRINTSCREEN/INSTAGRAM
PRINTSCREEN/INSTAGRAM
PRINTSCREEN/INSTAGRAM, српски курир

Како што можете да видите на фотографиите, Јелена трпеливо му позирала на својот фотограф и на уште еден член од тимот на терасата од хотелот во кој престојувала, па цело време ја прилагодувале светлината и ѝ давале упатства како да се намести за да изгледа најдобро.

Да потсетиме, Карлеуша своето време на оваа дестинација го помина уживајќи на плажа и сончајќи се на жешкиот песок на Емиратите, но и на шопинг и позирајќи во различни модни комбинации потпишани од локални и од светски познати модни брендови.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....