17:25 - 23 јуни, 2026

Претрес во вилите на еден од највлијателните рапери, Пи Диди: Сомнеж за сексуална трговија, синовите приведени со лисици

Домовите на раперот Пи Диди (Шон Комбс) во Лос Анџелес и Мајами беа претресени поради наводите за „сексуална трговија“., објавува ТМЗ.

Самиот рапер, според новинарите, не бил дома, но во вилите биле синовите на Шон Комбс, Џастин и Кинг, кои полицијата ги привела со лисици. Не се знае точно каде е сега раперот: според ТМЗ, Комбс е на слобода, но извори на Дејли мејл тврдат дека тој бил приведен и испрашуван на аеродромот во Мајами. Има информации и дека неговиот приватен авион Гулфстрим 5 се наоѓа во Антигва. Во претресот учествувале десетици полицајци, а бил употребен и хеликоптер. Претресите биле дел од истрага за шверц, трговија со луѓе и сексуална трговија.

Претходно, според Дејли Меил, соседите се жалеле на музичарот, кои тврдат дека во куќата на П. Диди постојано се случувале сомнителни забави: многу луѓе доаѓаат кај него и носат девојки во костими за капење.

Ова не е прв скандал околу Шон Комбс: претходно неколку жени го обвинија за силување и сексуална злоупотреба. Така, неговата поранешна љубовница Каси Вентура изјавила дека ја малтретирал, а исто така ја терал на секс со други мажи и сè снимал на камера. Подоцна дошле до договор за спогодба пред случајот да земе поголеми размери на суд. Друга жена, која сакаше да остане анонимна, според странските медиуми, тврдела дека Шон Комбс не само што ја силувал неа, туку и нејзината пријателка.

Шон Комбс е еден од највлијателните и најбогатите рапери, неговото богатство во 2022 година беше проценето на 1 милијарда долари. Пи Диди е познат и по многубројните романси со славни личности, вклучувајќи ја и врската со Џенифер Лопез и Наоми Кембел.

Слични објави

Мина Костиќ излезе од психијатриската установа облечена во црно, со капа на главата, едвај изговори два збора

Еспресо

(Фото) Лука Радовиќ покажа колку е поврзан со децата на Тамара Тодевска — емотивен опис за малиот Дарен

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на исто место со поранешниот сопруг Мустафа: Пејачката во бел тесен фустан блеска од среќа

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов со интересна приказна за ќерката на Мики и Светлана Црнокрак

Еспресо

(Видео) Теодора Џехверовиќ на удар на критики — српската пејчка повторно копира светски ѕвезди?

Еспресо

Маријана се врати од Австралија, Росана сподели убави вести за неа

Еспресо
Се вчитува....