11.8 C
Скопје
09:54 - 27 март, 2026

Момент што ќе ве расплаче – ова го стори Наум Петрески за својот покоен другар, Андреј од „ДНК“

Познато е дека  Наум Петрески беше многу близок пријател со Андреј Ѓорѓиески од дуто „ДНК“ кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. На фолк-пејачот многу тешко му паѓа загубата на другарот, со кој често објавуваа заеднички слики од седенки, родендени, прослави, промоции.

Наум и Андреј не беа само колеги, туку и семејни пријатели, па одеа и на заеднички викенди со семејствата.

За да му се оддолжи за годините дружба, Наум Петрески на Андреј му посвети песна. И тоа не било која туку „Ако умрам ил загинам“  од легендарниот Јонче Христовски. Оваа преработка е дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“.

Наум Петрески и Андреј од „ДНК“ настапуваа заедно и беа приватно блискии (Фото: Инстаграм принрскрин)

Песната, во својот нов аранжман е потпишана од Николче Мицевски, и го задржува духот на оригиналната верзија на Јонче Христовски,  кој е и комплетен автор на композицијата. Наум Петрески, со својот препознатлив глас, ѝ дава нов живот, како молитва за земјата, но и како проштална порака до сакан пријател. Во видеоспотот кој многумина ќе расплаче се редат слики од дружењата на Наум и Андреј.

„ Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Тој не беше висок, но имаше лавовско срце, не се повлекуваше пред никого и немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ве викаше тате. Како син си го сакав. Какви планови имавме, толку работи требаше да направиме“, рече Наум Петрески неодамна за „Бекстејџ“.

Наум Петрески се расплака додека зборуваше за Андреј неодамна во емисијата „Бекстејџ“ (Фото: Инстаграм принтксрин)

Андреј беше посветен татко на десетгодишната ќерка Јана и вљубен во својата сопруга Наталија.

„Ако умрам ил’ загинам, ќе останат спомени. Приказна за едно другарство поголемо од животот“, пишува на Фејсбук страницата на „Македонијо, во срце те носиме“.

Слични објави

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо

(Фото) „Многу ми недостасуваш“: Дарко Илиевски со емотивен спомен за мајка му

Еспресо

Дневен хороскоп за 27 март: Бидете искрени, но и тактични

apostolova

(Видео) Пејач ја „зграпчил“ Цеца, ја прегрнал на сцената, а потоа следувало шоуто: Танцувале заводливо, никогаш порано не сте ја виделе вака

Еспресо

Зорица Марковиќ седна на багер – по операцијата на срцето, пејачката сама ја доградува куќата

Е.А.

(Фото) Му беше верна на Владимир Путин, а потоа му сврте грб – Која е згодната руска ТВ-водителка Викторија Бонја?

Еспресо
Се вчитува....