22:01 - 6 ноември, 2026

Модна лекција од инфлуенсерката Даниела Ѓуровска

Нашата инфлуеснерка Даниела Ѓуровска,  една од најдобро облечените жени во Македонија, редовно објавува нови фотографии со кои инспирира.

Направивме колаж од неколку нејзини летни модни комбинации, па можеби ќе ви олесниме следниот пат кога ќе сакате да се дотерате.

Смелоста на Даниела во нејзиниот избор на комбинации не е за секого, па затоа доколку сте од оние кои сакаат да експериментираат во модата, ова би била одлична лекција за вас.

Точките како апсолутен хит за лето 2026

Даниела фустанот со бели точки со црна основа го надополнила со црвени детали. Црвените потпетици и ѓердан со сламена летна чантичка со црвен моден додаток прават можен и луксузен изглед.

Принт со принт

Ретко кој има храброст да искомбинира два различни принта, но за Даниела тоа е најмал проблем. Точки и овој пат, но во две различни варијанти, кој би рекол дека вака добро може да прилега. Моќната зелена нијанса на палтото и чантата даваат апсолутна свежина на изгледот.

Цветни дезени

Цветените дезени даваат нежност кај жената. Овој летен макси фустан со широк крој делува комфорно, но истовремено и отмено на Даниела. Впечатливите розови обетки во облик на цвет даваат можен израз како да е излезена од модно списание.

Бисерно 

Овој фустан не  е за секоја пригода, бара соодветен простор и настан. Уникатна изработка во горниот дел со маркантните бисери и во долниот дел со нежен мек материјал го прават посебен, а Даниела одлично го носи.

Елеганција во движење

Црно широко здонлниште со нестандарден крој на маица во светла боја. Косината на горниот дел му дава специфичност, но не наметливост на овој моден изглед. Златните обувки совршено прилегаат за околината во која се наоѓа таа.

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....