17:18 - 27 ноември, 2026

Мистериозна смрт на поранешен руски милијардер – Дмитри Зеленов паднал по скали

Руски олигарх починал во мистериозни околности, а руските медиуми јавуваат дека тој паднал по скали на 9 декември во градот Антиб на француската ривиера.

Педесетгодишниот Дмитри Зеленов ко-основач на Дон-Строј, некогаш една од најважните компании во Москва за инвестирање и развој во недвижности бил на вечера со пријатели кога почнал да се чувствува лошо. После тоа, тој наводно паднал по скалите и се здобил со смртоносни повреди на главата, според рускиот весник „База“ .

Зеленов бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Според „Телеграм“, Зеленов неколку недели пред смртта бил опериран поради срцев проблем.

Зеленов беше и на листата на Форбс на најбогати Руси до 2008 година, кога Дон-Строј претрпе значителни финансиски загуби поради финансиската криза.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....