21:17 - 24 ноември, 2026

Мина Костиќ ќе се мажи со Каспер: Пејачката ќе патува во Америка и ќе прави свадба во природа

Мина Костиќ наскоро ќе застане на „лудиот камен“ – пејачката откри дека годинава планира свадба со својот партнер Мане Ќурурвија Каспер.

Тој ја побара за жена пред околу три месеци, и тоа јавно, во емисијата „Амиџи шоу“, по што многумина со нетрпение очекуваа кога ќе го кажат судбоносното „да“. Сепак, откако Каспер се врати во Америка, повторно се појавија сомнежи во јавноста за сериозноста на неговите намери.

Мина сега открива дека свадбата сепак ќе се случи и тоа уште оваа година. Таа најави дека најпрво ќе отпатува во Америка, каде планира и настапи, по што заедно со партнерот ќе се вратат.

– Планот е да одам таму и да направам некоја турнеја. Потоа ќе дојдеме заедно и, ако даде Бог, се надевам дека до крајот на годината ќе има свадба, како и концерт во Сава центар. Имам многу планови, но не сакам сè да откривам – изјави таа.

Пејачката откри и каква свадба посакува:

– Би сакала да биде некаде во природа, опуштено и убаво. Секако, сè во бело – рече Мина.
Таа се осврна и на темата за проширување на семејството. Иако претходно споменуваше дека размислуваат за дете и можност за вештачко оплодување, сега вели дека ќе остави работите да се одвиваат природно.

– Реков дека би сакала да родам уште едно дете, многу ги сакам децата, а и поради него, бидејќи тој нема. Но, ако биде – ќе биде. Ако не, ќе пробам со вештачко оплодување, а ако не успее ни така – што да се прави. Јас веќе имам дете, а тој многу ја сака Анастасија – изјави таа.

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.
Се вчитува....