21:55 - 1 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ го одложи враќањето на сцена поради приватни причини

Милица Тодоровиќ одложила дел од своите планови за враќање на сцената поради приватни причини, откако пред три месеци се породи и на свет го донесе својот син Богдан.

Нејзиниот пријател и колега Дејан Матиќ открил детали за нејзините планови и за нивната комуникација по породувањето, нагласувајќи дека се слушнале само еднаш откако таа станала мајка.

Тој изјавил дека Милица полека се враќа на сцената и дека требало заедно да гостуваат во една емисија, но таа го одложила појавувањето поради приватни причини.

„Се слушнав со Милица можеби еднаш по породувањето, но потоа не. Гледам дека полека се враќа на сцена. Требаше заедно да гостуваме во една емисија, но Милица тоа го одложи поради приватни причини. Ми е драго што се враќа на сцената и настапите. Ќе ја повикам овие денови да бидеме заедно во добра енергија“, изјавил пејачот.

Милица неодамна споедели емотивна порака за својот син на социјалните мрежи, која ги трогна нејзините фанови:

„За моето дете. Најубавиот ден во мојот живот беше првиот ден од твојот живот. Со љубов, мама.“

По породувањето, таа се огласила и со друга порака во која истакнала колку ѝ значи мајчинството:

„Ми се исполни најголемата животна желба, да станам мајка, и му благодарам на Бога за тоа. Ве замолувам, како и досега, да ме почитувате мене и моето семејство. Кога ќе дојде време, ќе зборуваме за сè, сега само сакам да се опоравам и да бидам среќна со моето дете.“

Слични објави

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.
Се вчитува....