04:27 - 2 ноември, 2026

(Фото) Голем повод за среќа кај пејачот Драган Темелков-Џони

Пејачот Драган Темелков, во јавноста попознат како Џони, има преубав повод за славење во кругот на семејството. Тој и неговата сопруга Теодора го одбележаа традиционалниот христијански обичај – 40 дена од раѓањето на нивниот син Милан.

​За овој посебен и емотивен чин, семејството ја посети цркватa „Св. Петка“ во Скопје, каде што беше сочуван обичајот за воведување на новороденчето во храмот.

​Џони ја сподели својата неизмерна среќа со пријателите и обожавателите на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од пред храмот, каде што позира со сопругата и со нивното најголемо богатство во транспортер. Покрај преубавите семејни фотографии, пејачот упати и емотивна порака која допре до многумина:

​„40 дена љубов, радост и најубави емоции. Денес со молитва му благодариме на Бога за нашиот најголем дар Милан. Нека биде жив, здрав, среќен и благословен.“

​Под објавата има доста честитки, благослови и убави желби од нивните колеги од естрадата и пријателите, кои му посакаа на малиот Милан безгрижно детство.

​

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....