10.8 C
Скопје
06:53 - 25 октомври, 2026

(Видео) Миа Беговиќ 15 години ја уредувала својата медитеранска оаза: Мојот мир, моето уживање, мојата тишина…

Хрватската актерка Миа Беговиќ (63) се огласи на социјалните мрежи и се пофали со своето ново дело. Таа објави снимка од нејзиниот двор, кој го уредила во стил на медитеранска оаза. Видеото прикажува бујно зеленило, цвеќиња, базен и простори за одмор, осмислени како бегство од градското секојдневие.

Миа Беговиќ истакна дека дворот не е само естетски уреден простор, туку резултат на долгогодишно вложување. Уредувањето, како што наведе во постот, траело 15 години и барало многу труд и љубов. „Петнаесет години љубов, труд и работа по дванаесет часа. Мојот мир, моето уживање, мојата тишина и мојот крик. Е, тоа сум јас“, напиша актерката покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Begović (@begovicmia)

Објавата привлече голем број позитивни коментари од следбениците, кои го пофалија изгледот на градината.

Да потсетиме, Миа неодамна стана баба, а не крие колку ужива во оваа улога. Актерката во друштво на својата внука го прослави и роденденот. „Не бев во можност на сите поединечно да им одговорам, бидејќи моите раце ја држеа во прегратка чистата љубов и беа обвиени со истата“, напиша Миа покрај фотографијата на која ја држи внуката Мејбел.

Од сите досегашни улоги, актерката најмногу се гордее со онаа на баба: „Целата сум возбудена, се чувствувам како дете, а не како баба“, призна таа во една прилика за „IN магазин“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Begović (@begovicmia)

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....