12:46 - 21 ноември, 2026

(Видео) Емотивен момент во Охрид: Слаткар ја бакна Сања додека ја пееше песната со која ја запроси

Слаткаристика одржа концерт за паметење на Илинден во Охрид на полниот стадионот „Билјанини извори“.  Слаткар дожибувањето го надополни со вклучување на синот и сопругата пред многубројната публика.

„Овој човек го сакам најмногу на светот“, рече Слаткаристика кога на сцената го повика шестгодишниот син Моша, со кого заедно ја испеаја „Насмевка“, песната што раперот му ја посвети пред три години за неговиот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Jakimovska (@evajakimovska)

Потоа Слаткар додека ја пееше песната „Кажи да“ со која ја запроси сопругата Сања Николиќ пред неполни 13 години, отиде зад сцената каде што беше Сања и ја бакна. Сања видно пријатно изненадена го прифати бакнежот среќна и со насолзени очи.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Притоа  на видеобим се покажаа нивните заеднички слики од свадбата и од други моменти кои се доказ за нивната долгогодишна љубов.

Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, Цоби, Криско, диџеј Че, Ана Стојаноска и Тина Русева беа дел од гостите на спектакуларниот концерт кој го организираше „Прагма“.

Слични објави

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova
Се вчитува....