9.8 C
Скопје
02:26 - 25 октомври, 2026

(Фото)„Ми се смени целиот живот, летам од љубов“ – Џеси Џеј си ги исполни соништата

jesiej

Познатата пејачка Џеси Џеј минатата недела го роди своето прво дете.

Таа денеска на Инстаграм ја сподели среќната вест и објави дека родила момче.

„Пред една недела ми се смени целиот живот. Мојот син дојде на свет и моето срце се зголеми дупло. Чувството е неверојатно, летам од љубов. Тој е магија, тој е исполнување на сите мои соништа, тој е целиот мој свет. И двајцата се чувствуваме добро“, напиша пејачката.

„Го впивам секоја секунда и сè уште не ми се верува дека е реално, дека е тука и дека е мој. Многу сум благодарна на сите вас кои го следевте моето патување до овој момент, ви благодарам за сета ваша постојана љубов и поддршка. Ќе се вратам на Инстаграм кога ќе бидам подготвена“, додаде Џеси.

Џеси Џеј претходно изгуби едно бебе поради ендометриоза, а лекари ѝ предвидуваа дека никогаш нема да може да стане мајка.

„Ми рекоа дека не можам да имам деца, но не им верувам. Верувам во чуда и не се откажувам“, изјави таа во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....