-0.2 C
Скопје
03:06 - 26 февруари, 2026

Мет Лебланк за првпат по смртта на Метју Пери: „Ми должиш“

56-годишниот американски актер Мет Лебланк, кој ја играше улогата на Џои во ТВ серијата „Пријатели“, пријател на Чендлер, за прв пат проговори по ненадејната смрт на Метју Пери.

Мет Лебланк на својот Инстаграм профил објави порака во која му се обраќа на својот покоен пријател со голема тага.

„Метју, со тешко срце се збогувам. Времето што го поминавме заедно е искрено некои од омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделувам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнувам кога мислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брат, конечно си слободен. Многу љубов”, напиша актерот.

Тој се пошегува и за долгот кој Метју Пери му го должел и кој никогаш не му го вратил.

„И мислам дека ги задржи 20-те долари што ми ги должеше“, додаде Лебланк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc)

Ова е прва јавна изјава на актерот по смртта на Пери. Во првите денови од страшната вест, кога светот беше шокиран од смртта на Метју Пери, ниту еден член од ѕвездената екипа на „Пријатели“ не даде официјална изјава. По прошталната церемонија, актерките дадоа заедничка изјава дека тешко ја поднесуваат загубата на пријателот, па сакаа засега да молчат.

Смртта на 55-годишниот Метју Пери беше големо изненадување за милиони гледачи на „Пријатели“. Безживотното тело на актерот беше пронајдено во џакузи. Според различни верзии, причина за смртта би можела да биде давење во вода, дека имал срцев удар, дека се работи за самоубиство, а можно е и предозирање со дрога. Сепак, и покрај гласините, пријателите на актерот не ја коментираа причината за смртта на Пери.

Додека Метју Пери беше длабоко во алкохолот, неговиот колега од „Пријатели“ минуваше низ пекол: „Тој е мојот помал брат“

 

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....