12:04 - 15 април, 2026

Меган Маркл сака „нов почеток“ во Велика Британија: Ангажирала советници 

Меган Маркл ангажира британски ПР специјалисти за „да се подготви за нов почеток во Велика Британија“.

Војвотката „стапила во контакт со британски ПР-експерти“ за да добие помош во справувањето со „проблемот со популарноста“ во Британија, но многумина ќе ја одбијат затоа што таа и Хари имаат репутација „дека не прифаќаат совети“, пишува Дејли мејл.

Војвотката од Сасекс бара стручна помош за да добие попозитивен публицитет во Британија, како за себе така и за Арчевел, фондацијата која ја води со принцот Хари во Калифорнија.

Ангажирањето експерти ќе ѝ помогне и поради гласините дека нејзиниот блог за животен стил „The Tig“ би можел повторно да стане актвен и читан.

Потрагата по британски специјалисти за односи со јавноста е уште еден знак дека 2024 година е годината кога двојката повторно сака да се врати на голема врата, и покрај среќниот живот во Калифорнија, но и јасен знак дека парот одличил повторно да ги засакаат граѓаните на родната земја на Хари.

„Ова е ситуација која многумина од големите ПР професионалци нема да сакаат да ја преземат. Многумина ќе ја одбијат. Позитивното претставување на парот во Велика Британија звучи примамливо, но тие немаат репутација на луѓе кои примаат совети. Која би била поентата? “, вели ПР експерт за Меил-онлајн.

 

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....