5.8 C
Скопје
00:15 - 21 февруари, 2026

Меган Маркл го сподели рецептот за торта со лимон: „Горда сум што придонесувам со овој рецепт“

Војвотката од Сасекс го сподели својот препознатлив рецепт за торта со лимон со маслиново масло со готвачот Хозе Андрес за неговата нова книга „The World Central Kitchen Cookbook: Feeding Humanity, Feeding Hope“.

Андрес, основачот на World Central Cuisine (WCK), во својата книга собра голем број приказни и рецепти од познатите колеги готвачи и пријатели, меѓу кои и Мишел Обама, Меган Маркл и принцот Хари. Меган Маркл и другите писатели на рецепти ги донираа приходите за поддршка на итна реакција на добротворната организација WCK во областите погодени од катастрофи.

Претставник на Арчевел, компанијата на Меган Маркл и принцот Хари, во изјавата рече дека војвотката е „горда што придонесува со нејзиниот рецепт“.

Питата со маслиново масло и со лимон на Меган стана позната во март 2021 година кога ја испрати на група жени од ресторани кои решија да соработуваат со WCK за да ја помогнат во борба против гладта во текот на коронапандемијата.

WCK беше една од првите организации што стана партнер со непрофитната групација Арчевел.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....