27.8 C
Скопје
15:15 - 8 мај, 2024

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) се жени по петти пат со многу помлада: Жените го обожаваат и во овие години

Ако некој не се откажува од бракот, тоа секако е милијардерот Руперт Мардок кој се вери со Елена Жукова и планира да се ожени со неа во јуни, што ќе биде негов петти брак.

Медиумскиот магнат има 92 години, а на 11 март ќе го прослави својот 93 роденден. Што се знае за неговата идна сопруга? И како се одвиваше неговиот љубовен живот досега?

Руперт Мардок започна врска со Елена Жукова веднаш откако ја раскина свршувачката со Ен Лесли Смит. Првпат со Елена беа видени заедно минатото лето на крстарање по Медитеранот.

Веста за врската прв ја објави Дејли Меил, нагласувајќи дека Мардок ја запознал Елена на забава организирана од неговата поранешна сопруга Венди Денг, пријателка на Даша Жукова и на самата Елена. Подоцна за љубовната романса пишуваше и „Гардијан“. Двојката помина неколку недели на крстарење.

Елитното британско списание „Татлер“ ја опишува Жукова како жена во центарот на моќната мрежа во светот на уметноста, пријателка на руските олигарси и на една од највлијателните династии на бродоградба во светот. Таа има еврејско-руско потекло, беше во брак со рускиот нафтен милијардер и финансиер Александар Жуков.

Во интервју за „Њујоркер“ во 2010 година, таа го опиша своето семејство како дел од „московската интелигенција“ и рече дека го запознала својот прв сопруг кога двајцата биле студенти. Во тој брак ја добила ќерката Даша.Се развеле кога нивната ќерка имала три години, а Александар се збогатил кога советските власти почнале да ги намалуваат ограничувањата на приватното претприемништво.

Според Фајненшл Тајмс, Жукова го напуштила Советскиот Сојуз во 1990 година со нејзината ќерка Даша и истата година се вработила на Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон. Преселувањето требало да биде привремено, изјави Даша за овој весник, а тие останаа таму додека Елена не го продолжи своето понатамошно образование на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, каде што се посвети на студиите за дијабетес.

Кога се пензионирала, работела како професор по молекуларна биологија, објавила неколку научни статии. Нејзината ќерка ја опиша како „многу сериозен научник кој повеќе се интересира за супстанцијата отколку за естетиката“.

Елена Жукова, за чија свршувачка со Мардок пишуваат светските медиуми, има и близнаци, ќерка и син од претходната врска, пишува Гардијан. Даша Жукова беше мажена за Роман Абрамович, со кој има две деца, а сега е во брак со Ставрос Ниаркос, внук на грчки магнат. Двојката има син.

Ниаркос пак, пред бракот со Даша, беше во врска со Парис Хилтон и Мери-Кејт Олсен.

Бурен љубовен живот имал и самиот Мардок. Претходната веридба ја прекина ненадејно исто како што ненадејно ја запозна Ен Лесли Смит со која веднаш влезе во врска, која ретходно беше во брак со ѕвездата на кантри музиката Честер Смит кој почина во 2008 година. Помлада е од Мардок цели 25 години, исто како и Елена Жукова.

Мардок беше во брак и со моделката Џери Хол. Поранешната двојка беа заедно шест години, а се разведоа во јуни 2022 година. Се дозна дека Мардок ја завршил врската преку имеил. Џери за се ги обвинуваше неговите деца, а подоцна порача дека и понатаму си го сака поранешниот сопруг. За разводот доби дебела сума пари.

Сите љубовни скандали кои го следеа милијардерот цел живот, не го спречија и понатаму да ја бара љубовта на животот. А многумина се изненадија дека тому неговата мината сопруга Венди Денг посредувала за започнување на врска меѓу Мардок и Елена Жукова.

 

Слични објави

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо

Тони Бијелиќ веднаш се огласи по веста дека ја моли Драгана да се смират

Еспресо

(Видео) Гледачите на Евровизија шокирани! Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале од годинашното издание

Еспресо

Пукање пред вилата на раперот Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

еспресо

Астропрогноза за среда, 8 мај: Вагите да избегнуваат конфликти, Стрелците да внимаваат на долгови

еспресо

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо
Се вчитува....