10:01 - 31 октомври, 2026

Мартинијан Кириловски извонреден на сцената во Црна Гора – песната „Сирена“ заведува, освојува и ве тера да танцувате

Кумановецот  Мартинијан Кириловски  вчеравечер се претстави на музичкиот фестивал „Бисер на Јадранот“ во Тиват, Црна Гора. Тој  настапи со нова композиција насловена  „Сирена“ ,со автентична тематика за соодветната манифестација и летниот период.

Ова беше трето издание на фестивалот со натпреварувачки карактер, вкупно 24 нови композиции ѝ беа за првпат претставени на публиката од различни изведувачи од регионот.  Првата награда замина во рацете на Давид Амаро од Словенија со песната „Сине јави се“.

Кириловски одекна со својот глас и ги освои срцата со оваа преубава балада којашто дефинитивно ветува дека ќе биде летен хит.

Ова е прв настап на пејачот на фестивалска сцена, откако една година направи пауза.

„Сирена“ е дело на веќе проверен тим на Кириловски, тој песната ја работеше со Митко Чешларов, aвтор на музиката и текстот , додека аранжманот е дело на Анѓел Ќосев.

Како што во една прилика објасни пејачот, инспирацијата за „Сирена“ доаѓа од старогрчкиот мит за сирените – мистични суштества чиј заносен глас ги заведувал морнарите и ги привлекувал кон себе. Во современа музичка приказна, песната зборува за привлечноста, искушението и чувствата на кои тешко може да им се одолее.

Настапот на „Бисер на Јадранот“ е уште еден одличен чекор за нашиот Мартинијан полесно да се пробие на балканската сцена, бидејќи ова е уште една негова песна што тој ја отпеа на српски јазик.

Додека го чекаме спотот за „Сирена“ да се потсетиме на „Сечање на април“.

Слични објави

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....