21.8 C
Скопје
14:35 - 9 октомври, 2026

Турската актерка од „Сулејман Величествениот“ има 82 години и објави фотографија во костим за капење: „Не се плашам од стареењето“

Турската актерка Небахат Чехре (82), која гледачите најмногу ја паметат по впечатливата улога на Валиде султан во мегапопуларната серија „Сулејман Величествениот“, повторно се најде во центарот на вниманието благодарение на фотографија во костим за капење.

Иако е во деветтата деценија од животот, славната актерка привлекува внимание со својата витка линија и младешки изглед.

INstagram

Чехре на социјалните мрежи сподели фотографија од летувањето, на која позира во едноделен костим за капење, што предизвика лавина позитивни коментари.

„Најпрво, грижи се добро за себе. Сѐ друго ќе процвета природно“, напиша таа во описот на фотографијата.

Турските медиуми се едногласни во оцената дека Чехре им пркоси на годините, а многумина сметаат дека поставува нови стандарди за убавина во третото доба.

INstagram

Небахат кариерата ја започнала како манекенка, а на пошироката јавност ѝ станала позната уште во 1960 година, кога била прогласена за Мис на Турција. Тој успех ѝ ги отворил вратите кон филмската индустрија, по што остварила бројни улоги во златната ера на турската кинематографија. Сепак, меѓународната слава и новиот подем во кариерата ги доживеала во зрелите години, благодарение на телевизиските проекти, пишува Кликс.ба.

„Не се плашам од стареењето, сакам убаво да ги проживеам своите години“, изјавила таа, нагласувајќи дека не му пркоси на времето.

„Јас не пркосам на ништо, едноставно живеам здраво и го почитувам своето тело.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)

Слични објави

(Фото) Албанската новинарка стана хит бидејќи се појави на теренот во штикли и мини здолниште

Еспресо

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.
Се вчитува....