02:09 - 31 октомври, 2026

Почина таткото на Соња Тарчуловска – пејачката јавно го објави својот последен поздрав

Македонската пејачка Соња Тарчуловска се соочува со огромна загуба. По кратко боледување, почина нејзиниот татко, само неколку месеци откако семејството се збогуваше и со нејзината мајка.

Скршена од болка, Соња се огласи на социјалните мрежи каде што сподели емотивна порака и последен поздрав до својот родител, истакнувајќи ја големата и нераскинлива љубов меѓу нејзините татко и мајка.

„Тато… Замина кај мама. Не можеше да издржиш без неа. Вашата љубов беше посилна и од времето, и од далечината. Сега повторно сте заедно, таму каде што нема болка, нема солзи и нема разделби. А мене ми остануваат спомените, вашата љубов и празнината“, напиша естрадната уметничка во дел од својата потресна објава.

Таа јавно им се заблагодари на своите родители за сè што направиле за неа, за нивната бескрајна пожртвуваност и за тоа што ја научиле што значи вистинско семејство, особено во најтешките животни моменти.

„Почивај во мир, тато. Прегрни ја мама и кажи ѝ дека ми недостига исто како и ти. Ќе ве носам двајцата во моето срце додека дишам. Со бескрајна љубов, твојата ќерка Соња“, стои во емотивната порака која расплака многумина нејзини колеги и пријатели, кои веднаш упатија сочувство во коментарите.

Редакцијата изразува длабоко сочувство до Соња Тарчуловска и нејзиното семејство.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....