15.8 C
Скопје
12:17 - 11 март, 2026

Малкумина знаат за големата трагедија во животот на Златан Ибрахимовиќ: „Постои живот, освен овој фудбалскиот, кој е многу поважен“

Златан Ибрахимовиќ денес е еден од најпознатите и најбогатите фудбалери во светот, но имаше многу поскромни почетоци, а неговиот живот го одбележа голема трагедија.

Татко му е муслиман од Босна, мајка му е католик од Хрватска, додека тој е роден во Шведска. Тој пораснал во Розенгард, предградие на Малме, населба во која многу имигранти го нашле својот дом.

Неговата мајка работела како чистачка и по 14 часа на ден, а татко му бил чувар. Разводот на родителите се случил кога Златан имал само две години, а по одлука на социјалните работници бил доделен на мајка му, а неговата сестра Санела на татко му.

Бидејќи не можел да живее без својата сестра, почнал да живее со својот татко, но на крајот таа била доделена на неговата мајка.

Животот со татко му не бил воопшто лесен, бидејќи имал проблеми со алкохолот, поради што понекогаш немале ништо во фрижидерот. Но токму татко му платил за неговиот фудбалски камп кога немале пари речиси ни за храна и кирија, и верувал дека неговиот син ќе успее во животот.

Животот на Златан го одбележале и добри и лоши искуства, а едно од најлошите искуства за фудбалерот е смртта на неговиот брат Сапко. Златан тешко се соочил со смртта на својот брат, бидејќи бил многу приврзан за него.

Сапко Ибрахимовиќ почина во 2014 година на 41-годишна возраст, по долго боледување за кое јавноста не знаеше многу.

Златан се сети на својот починат брат и во еден својот говор кога ја освои титулата за најдобар играч на Шведска.

– Се уште го живеам мојот детски сон кога е фудбалот во прашање. Сите овие награди што ги добив докажуваат дека сум направил нешто добро и дека сум добар во тоа што го работам. Но, ова е во сенка на она што им се случи со Клас и Понтус. Имав брат кој почина во слични околности. Постои живот, освен овој фудбалскиот, кој е многу поважен. Нека почиваат во мир, изјави по тој повод Ибрахимовиќ.

Фудбалерите кои ги спомна се Клас Ингесон, кој почина од рак и Понтус Сегерстром, кој имаше тумор на мозокот.

Слични објави

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....