9.8 C
Скопје
18:03 - 30 март, 2026

Мајката на Пике е скршена од болка што децата на Шакира повеќе не ја нарекуваат баба: „Се борев до крај за нивната врска, но сега ја вртам страницата“

Разделбата на Шакира и Жерар Пике, раскинување на две славни лица по повеќе од 10 години врска, попатно остави повеќе погодени во изминативе недели и месеци, а последната беше мајката на поранешниот фудбалер, Монсерат Бернабеу, за која се вели дека е особено уништена од ситуацијата што е поврзана со нејзините внуци Саша и Милан.

Според информациите на списанието Lecturas, Монсерат Бернабеу, која направи се што е во нејзина моќ за да ја задржи врската меѓу нејзиниот син и колумбиската пејачка, сега страда, бидејќи нејзините внуци повеќе не ја нарекуваат баба и по наредба на јужноамериканската славна личност ја нарекуваат по име.

„Мајката на Пике е уништена од војната што ја покрена Шакира“, споделува близок извор до парот за списанието и: „д-р Монсерат Бернабеу се бореше до крај за нејзиниот син и Шакира да се помират. Денес ја сврте страницата и се грижи само за внуците, кои веќе не ја нарекуваат баба“.

Ако ситуацијата веќе беше комплицирана, со хит песната на Шакира, одмазничка кон Пике, таа стана уште покомплицирана, а мајката на Пике се лутела и за тоа што воопшто е спомнувана во новата песна („Ме остави како сосетка на свекрвата“), кога – според нејзините зборови – направила се и за снаата и за внуците.

 

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....