6.8 C
Скопје
20:08 - 10 март, 2026

Маја Оџаклиевска не старее: Еве како изгледа сега и покрај сите маки што ги претрпе

Маја Оџаклиевска ретко објавува слики на социјалните мрежи, но новата што ја објави е навистина посебна. Таа е една од најдобрите пејачки во регионот, скопјанка која долги години живее во Белград.

Иако нема лесна животна приказна последниве години, откако го чуваше внукот Лука кој е дете со аутизам и не зборува, Маја секогаш има позитивен дух и верба во подобро. Таа во април наполни 71 година. Сега, за Лука се грижи неговата мајка Теа.

Новата слика која е објавена на социјалните мрежи покажува колку Маја добро изгледа и без оглед на сѐ што ѝ се случува таа секогаш има сила за насмевка која е нејзин заштитен знак.

Маја Оџакливска Фото/ Фејсбук

Маја е мајка на ќерките Теа и Андреа, за кои се грижела сама, а има признаено дека за да ги одгледа морало да се снаоѓа како знае и умее, иако имало денови кога немало ниту што да јадат.

Андреа живее со својот сопруг и нивниот син, а на социјалните мрежи често објавува семејни моменти со мајка си.

Маја заедно со нејзиниот внук долги години живееше во стан во Белград, а пред одреден период се преселија во куќа на село, каде велеше дека ѝ е многу поубаво, далеку од градскиот метеж. Од 2023 година, за Лука се грижи неговата мајка.

Маја за српските медиуми изјави дека таа не можела веќе физички да се грижи за внукот затоа што е тинејџер. Сепак, таа рекла дека ѝ е најголема желба да го слушне внукот како зборува.

 

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....