10:21 - 7 ноември, 2026

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Марија Ивановска и Бојан Трајковски од македонското музичко дуо „Ај кју“ станаа родители.

Парот ја сподели убавата веста на социјалните мрежи, објавувајќи ја првата фотографија од синот Лука, придружена со емотивна порака.

– Лука вели „Здраво на светот“ – напишаа тие покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue)


Марија и Бојан во мај годинава ја споделија радосната вест дека ќе станат родители. Пејачката тогаш објави симпатично видео на социјалните мрежи, во кое покажа позитивен тест за бременост.
„Ај кју со нов член? Да не треба уште некој тест?“, напишаа тие во описот на видеото, со кое ги израдуваа своите следбеници.
Нивната долгогодишна љубов годинава ја крунисаа и со брак. Во средината на мај направија граѓанска венчавка во Скопје, а на 6 јуни организираа романтична свадбена веселба на плажа на Халкидики, во Грција. На прославата присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели, меѓу кои беа пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски.
За свадбата покрај море, Марија избра кратка венчаница од тантела, а Бојан носеше светол костум. Еден од најемотивните моменти беше нивниот свадбен танц на песната „Убава“, со која победија на Скопскиот фестивал во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue)


Подоцна, токму снимките од нивната свадба во Грција ги искористија за видеоспотот на „Убава“, песна која по повеќе од десет години доби официјален видеозапис.
Марија и Бојан со години се партнери и во љубовта и во музиката. Како дуо „Ај кју“ ја претставуваа Македонија на Евровизија во 2018 година со песната „Lost and Found“. Последниве години живеат и работат во Лондон, а редовно се враќаат во Македонија.
Годинава за нив е особено значајна, бидејќи по свадбените прослави и заедничките музички проекти се подготвуваат за новата животна улога , да станат родители.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....