8.8 C
Скопје
12:20 - 1 април, 2026

Лук Блек ја откажа евровизиската проба поради трагедијата во Србија: „Треба да го победиме злото што расте, а не да ги затвораме очите пред проблемите“

Претставникот на Србија на Евровизија, Лук Блек реши да ја откаже пробата поради трагедиите кои изминатиот период се случија во Србија.

– Во мојата земја се случи страшна, ужасна трагедија. Бев длабоко потресен кога ги слушнав таквите грозни вести. Толку бев згрозен од тоа што го слушнав па поради шок ја откажав својата евровииска проба. За мене беше незамисливо да пеам во време кога лекарите се борат за детски животи, додека родителите ги оплакуваат своите деца – изјави тој за „Вечерњи лист“.

Младиот музичар од Србија додаде дека во таква ситуација не може да биде среќен и весел како  обично.

– Моите мисли се со жртвите, нивните семејства, оние кои ги сакаа“, додаде тој. Во спомен на жртвите, тој носеше црна панделка на кошулата, а остатокот од неговиот тим се појави во црни костуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Black (@lukeblackmusic)

30-годишниот пејач на Евровизија ќе ја изведе песната „Само ми се спава“.

Претходно, за време на гостувањето во „РТС“, Лук откри за што зборува песната.

– Ја опишува мантрата на народот, односно на нацијата, која ги затвора очите пред проблемите и опишува дека луѓето треба да се разбудат. Треба да го победиме злото што расте кога ги држиме очите затворени – рече тој.

Некои оваа изјава ја протолкуваа како критика на политичкиот режим во Србија.

 

 

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....