9.8 C
Скопје
18:17 - 30 март, 2026

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

Емотивна женска приказна раскажа фолк-пејачката Елена Велевска во која зборува за љубовта.

„Еј жено надеж се гаси ко ранета срна во снегот, очајот не ти е брат – разбуди го ѕверот… Еј жено… гордо исправи се, немој за милост да молиш“, се стиховите на песната „Еј жено“ кои можат да се наречат автобиографски, зашто секоја жена може во нив да се пронајде.

Велевска испеа песна со моќна порака за силата, достоинството, храброста и силата што секоја жена ја носи во себе. Баладата зборува за падовите, разочарувањата и борбите со кои се соочува секоја жена низ животот, но и за силата повторно да се исправи, со крената глава и со верба во себе.

Фото / Принтскрин

Интересна е и самата приказна околу создавањето на песната. Текстот, чиј автор е Љупче Василев, е напишан пред околу пет години. Пред три години тој ѝ го покажал на Елена, а нејзината реакција била кратка и јасна:  „Чувај ми го“. Песната трпеливо го чекала својот момент, сè до неодамна кога Василев повторно ја потсетил дека стиховите сè уште ја чекаат.

И како што се вели „кога нешто треба да се случи, едноставно се случува“, така и оваа емотивна балада конечно го доби својот вистински момент.

Музиката, аранжманот и целокупната продукција се дело на Дејан Момироски, додека видеото е реализирано во соработка со „Томато“ продукција.

„Ова е една од најпосебните песни во мојата досегашна кариера. Долго го чекаше својот момент и ете се случи. Многу е поразлична од она што досега сум го работела, но се пронајдов во неа. Како да е пишувана токму за мене“, вели Велевска.

„Еј жено љубовта умре, но нова пак ќе се роди, животот еден е – не давај да те боли“, се дел од стиховите во оваа песна, која можете да ја слушнете ТУКА. 

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....