12:36 - 27 ноември, 2026

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

Синот на пејачката Лепа Брена и бизнисменот Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор, отпатува во Азија, а дел од своето патување го сподели со следбениците на социјалните мрежи. На одморот очигледно му оди сè по план, а особено се воодушевил од брзиот воз со кој патувал.

Виктор снимал како возот достигнува брзина од дури 344 километри на час, а на своите следбеници им ја покажал и внатрешноста на кабината, каде што имал сè што му е потребно за удобно патување.

Тој сподели и како изгледа железничката станица што ја посетил, што исто така му привлекло внимание, како и пејзажите низ кои минувал за време на патувањето.

Ослабел речиси 100 килограми

Виктор во минатото имаше проблеми со вишок килограми, за што и јавно зборуваше.

Во еден период тежел дури 163 килограми, што многу ја загрижувало неговата мајка.

„Боба и јас постојано правевме вечери додека децата беа мали и затоа Виктор дојде до бројката од 163 килограми. Многу патев поради тоа! Ми беше толку тешко што плачев“, изјавила своевремено Брена за медиумите.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....