8.8 C
Скопје
03:04 - 5 февруари, 2026

ЉУБОВТА ПРЕД СЀ: Принцезата Мако наскоро ќе се омажи и поради „обичниот“ избраник се откажува од титулата

принцеза мако

Познат е датумот на венчавката на 29-годишната ќерка на принцот Фумихит и принцезата Кико и внуката на царот Нарухит, која одлучи да живее „обичен живот“ за да може да биде со љубовта на нејзиниот живот.

Во септември 2017 година, светските медиуми почнаа да пишуваат дека парот (јапонската јавност ги нарекува „Јапонските Меган и Хари“) кои се запознале пет години порано додека студирале на Меѓународниот христијански универзитет во Токио – се вериле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prestige Malaysia (@prestigemalaysia)

Пет месеци подоцна, веридбата беше одложена поради скандалот околу наводниот финансиски спор помеѓу мајката на Комур и нејзиниот поранешен вереник. Наводно, тој платил четири милиони јени за образованието на Комур, кои тогаш младиот човек требало да ги врати по студиите. Поради огромното внимание на медиумите, на принцезата Мако ѝ беше дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).

Комуро дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот Фордхам во Њујорк во мај оваа година и во моментов работи во адвокатската фирма „Lowenstein Sandler LLP“. Тој неодамна го положил државниот правосуден испит, па се верува дека тој и принцезата Мако ќе се преселат во САД по венчавката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Breaking Asia (@breakingasia)

По четири години, објавено е дека ќе се венчаат овој месец, на 26 октомври. Принцезата Мако ќе биде првата жена од повоеното царско семејство што ќе се омажи без традиционалната шинто-церемонија, што е вообичаено за кралското семејство.

Според „NBC News“, принцезата се очекува да одбие „дар“ од 150 милиони јени (1,3 милиони американски долари) што би ѝ го олеснил нејзиниот нов начин на живот. Јапонската влада дури размислува да им дозволи на жените да го задржат својот кралски статус дури и откако ќе се омажат за човек кој потекнува од обично семејство.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....