20.8 C
Скопје
20:37 - 29 септември, 2026

ЛИНДЗИ ЛОХАН СЕ ВРАЌА НА МАЛИТЕ ЕКРАНИ: Обожавателите зачудени – „Не личиш на себе“

линдзи лохан

Актерката Линдзи Лохан, која ја паметиме по легендарните улоги во бројни филмови како „Mean Girls“, „The Parent Trap“, „Just My Luck“, „Freaky Friday“ се враќа на малите екрани.

„Netflix“ оваа недела објави фотографија од Линдзи Лохан и Хорд Оверстрит најавувајќи го новиот божиќен филм со нив двајца во главните улоги.

„Ох, прошетка низ земјата на чудата со Линдзи Лохан и Хорд Оверстрит… Продукцијата е во тек за нивната ненасловена празнична романтична комедија. Пристигнува во 2022 година“, напишаа од стриминг платформата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix Film (@netflixfilm)

За својата улога во филмот на „Netflix“ и за своето големо враќање се пофали и самата Линдзи Лохан.

„Се вратив на работа, не можам да бидам посреќна! Акција“, напиша Линдзи покрај фотографијата од филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Под фотографијата почнаа да се редат бројни коментари од нејзините фанови. Додека некои се пресреќни што повторно ќе ја видат на филм, други го коментираа нејзиниот изглед. Многумина пишуваат дека Линдзи на оваа фотографија не личи на себе.

„Дали го мислам тоа само јас или на оваа фотографија воопшто не личи на себе?“, „Изгледа толку поразлично, како да има премногу фотошоп на фотографијата иако таа има преубаво лице“, „Изгледа како друга личност“, „Не ја препознав додека не го видов името“, „Кој е ова по ѓаволите?“, беа само дел од коментарите.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....