07:00 - 2 ноември, 2026

„Лекарот ми рече дека сум феномен“: Лепа Лукиќ сама си го извадила гипсот од ногата

Пејачката Лепа Лукиќ на почетокот на јуни доживеала незгода кога паднала во една продавница, по што завршила во Ургентниот центар, каде што ѝ била укажана лекарска помош поради повреда на ногата.

Како што сега откри за српските медиуми, закрепнувањето оди добро, а гипсот сама го извадила по само седум дена, бидејќи високите температури ѝ го отежнувале неговото носење.

„На 6 јуни ја повредив ногата, а сега ќе ја извадам и оваа лонгета. Прво носев гипс, па потоа лонгета, ама жештините се неподносливи… Гипсот го носев седум дена и сама го пресеков, па купив лонгета и сега ми е многу подобро. Инаку, со здравјето сум добро, само ногата ми е повредена“, изјавила Лепа.

Пејачката истакнала дека неодамна била на контрола, каде што лекарот ѝ дал интересен коментар.

„Бев завчера на контрола и лекарот ми рече дека сум феномен. Јас му реков дека во мене има многу феномени: никогаш немам температура, а феномен сум и во пеењето. Лекарот ми рече на 4 јули да ја извадам лонгетата и повторно нормално да одам во чевли.“

Лепа откри и дека повредата не била воопшто наивна.

„Го повредив и прстот, малку е пукнат, а на ногата имам две скршеници… Сега секој ден се чувствувам сѐ подобро“, изјави таа за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....