9.8 C
Скопје
14:45 - 31 март, 2026

Легендарниот Мајкл Болтон итно опериран од тумор на мозок: Се огласи музичарот за здравствената состојба

Пејачот кој според многумина ја отпеа најубавата љубовна песна „When a man loves a woman“, Мајкл Болтон откри како се чувствува сега.

Мајкл Болтон, познатиот американски пејач, кого обожавателите имаа можност да го гледаат во хит серијата „Два и пол мажи“, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде откри дека минатиот месец оперирал тумор на мозокот.

Болтон изјави дека при прегледот лекарите утврдиле дека има тумор кој мора итно да се оперира, дека благодарение на „одличните лекари се поминало добро“ и дека сега закрепнува.

„Најпрво да ви посакам среќни празници и добро здравје“, ја започна својата објава Болтон на споменатата социјална мрежа, по што ги откри деталите од битката за здравјето:

„Непосредно пред празниците ми беше дијагностициран тумор на мозокот и ми беше потребна итна операција. Благодарение на мојот неверојатен медицински тим, операцијата беше успешна. Сега закрепнувам дома, опкружен со големата љубов и поддршка од моето семејство. Секогаш е најтешко да се разочараат фановите со одложување на концерт, но бидете уверени дека се обидувам да го забрзам закрепнувањето и наскоро да се вратам на сцена. Ги чувам вашите позитивни мисли во моето срце, ќе ве известам што се случува, сите ве сакам“.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....