14:16 - 1 април, 2026

ЛАРА ИВАНОВА ПРЕД НАСТАПОТ НА „МАКФЕСТ“: Со нетрпение чекам публиката да ја слушне мојата нова песна!

Овој викенд, односно на 17-ти и 18-ти септември во Штип ќе се одржи 36-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“.

Петок е резервиран за дебитантите, а само неколкумина од нив, односно тие со најмногу гласови ќе имаат шанса да се натпреваруваат и во втората финалната вечер рамо до рамо со веќе докажаните имиња од нашата сцена.

Во финалната вечер ќе настапи и младата и талентирана Лара Иванова. Нејзината композиција е насловена „Душа“, на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува Иле Спасев, додека пак текстот е повторно дело на маестралниот Робин Зимбаков.

„Со нетрпение го чекам „Макфест“. Ова ќе биде мој трет настап, но се радувам исто како првиот пат. Не се оптеретувам со тоа дали ќе освојам некаква награда, за мене најважно е песната да биде прифатена од публиката и утре да ја пеат кога ќе настапувам некаде“, кусо ни изјави Лара.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....