03:20 - 12 март, 2026

Криво ми е, ама сега е доцна: Игор Џамбазов се отвори за мајка му Анче

Игор Џамабазов искрено кажа што најмногу жали поврзано со мајка му, легендарната актерка Анче Џамбазова.

Анче, ќерката на Петре Прличко и сопруга на маестро Џамбазов почина во 1997 година. На 30 септември, се навршија 28 години од нејзината смрт.

-Јас сум единствениот во Македонија што не му се простува ни успех ни неуспех. Ама, не сум едноствениот што не ја послушал мама. Сега ми е криво, ама сега е доцна.

Не знаеш како е доле, лошо, ако не си бил малку горе. Е, сега јас тоа малку го претерав во животот. Неколку пати се качував нагоре- надоле, но секојпат ми беше интересно тоа слегувањето, многу поинтересно отколку качувањето нагоре“, рече Игор Џамбазов во емисијата „Хот старс“ на Тв Канал 5.

Познатиот актер зборуваше и за тоа како децата треба да созреваат по полнолетството, зборувајќи од свое искуство.

-Тато носи, мама меси. Утре ги нема тато и мама, утре си сам. Една од првите рабпти на кои треба да работат децата кога ќе наполнат 18 години е самодовербата“, рече Џамбазов. 

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....