17:06 - 4 ноември, 2026

Кристина Арнаудова: Ако имате да кажете нешто на човека убаво, кажете му додека е жив! Отпосле, не му значи.

Пејачката Кристина Арнаудова е револтирана од начинот на кој општеството се однесува кон своите уметници и великани и дека почнува да ги почитува дури откако тие ќе заминат.

На Инстаграм сподели искрен статус.

„Ужасно е. Ужасно е дека човек треба да умре за да почнат да го почитуваат, да го цитираат, да го пуштаат на радио, да зборуваат колку бил голем и значаен! Ужасно е што оваа земја не оддаде почит на ниту еден голем човек додека беше жив! Додека се живи душа им извадивте, од секакви глупости зборење и лошотии…Ни еден не Ви чинеше.
Ако имате да кажете нешто на човека убаво, кажете му додека е жив! Отпосле, не му значи. Знаете, така?
Морав ова да го кажам, зошто просто е така, и ми тежи! Особено денес.“, напиша Кристина.

Таа со овој статус ја отвора болната тема за македонскиот синдром на „доцно признание“.
Реакцијата на Кристина е глас на целата естрада и уметничка фела која со години апелира за поголема почит, поголема застапеност во медиумскиот етер и достоинствен третман на домашните автори додека се сè уште живи.

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....