18.8 C
Скопје
18:29 - 21 октомври, 2026

КРИС БРАУН ЈА ПРЕТЕПА РИЈАНА, А СЕГА ПОЗНАТА ПЕЈАЧКА ГО ТУЖИ ЗА СИЛУВАЊЕ: Му следи тужба од 20 милиони долари

Раперот Крис Браун кој се озогласи по врската со пејачката Ријана кога брутално ја претепа во 2009-тата година, сега се соочува со нов скандал. Друга позната пејачка го тужи за силување.

Крис Браун е обвинет за дрогирање и силување жена и противен него е поднесена тужба од 20 милиони долари, пренесува „Би-би-си“. Нападот, наводно се случил на јахта на 30 декември 2020 година во Мајами, Флорида.

Крис Браун навидум одговори на тужбата на својата приказна на „Инстаграм“, сугерирајќи дека добива тужба сега затоа што објавува нова музика.

„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ГО ГЛЕДАТЕ ОВОЈ шаблон… секогаш кога објавувам музика или проекти“, напиша тој.

фото: инстаграм стори

СЛУШАЈ И ГЛАСАЈ: Ова се шесте песни во трка за претставник на Евровизија

Тужбата е поднесена од неидентификувана професионална танчерка и музичарка, која во правните документи е именувана само како „Џејн До“.

Документите детално наведуваат пет одделни обвинувања против пејачот – сексуален напад, прекршување на Статутот за родово насилство, намерно предизвикување емоционална вознемиреност, несовесно нанесување емоционална вознемиреност и лажно затворање.

Жената тврди дека „се плаши за својот живот и кариера“.

Таа вели дека била поканета на јахта од раперот и продуцент Диди, каде што се случил наводниот инцидент. Според документот, кој го видел „Newsbeat“, жената тврди дека Крис Браун ѝ понудил пијалок по пристигнувањето, а подоцна почувствувала „ненадејна, необјаснета промена во свеста“.

Се тврди дека станала „дезориентирана, физички нестабилна и почнала да губи свесност“, пред да биде одведена во спалната соба каде Браун наводно се соблекол и ја силувал. Се вели дека Браун ја контактирал жената следниот ден, велејќи ѝ да земе итна контрацепција.

фото: EPA/PAUL BUCK / POOL

Да потсетиме во 2009-тата година Крис Браун беше притворен откако брутално ја претепа пејачката Ријана. Откако го призна делото, во 2015-та година доби условна затворска казна, а минатата 2021-ва година повторно беше под истрага откако една жена го обвини за насилство.

(ВИДЕО+ФОТО) ОБЛЕЧЕНА ВО БОЈАТА НА СТРАСТА И МРЕЖЕСТИ ЧОРАПИ: Ријана упорно докажува дека е најдобрата реклама

Слични објави

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.
Се вчитува....