2.8 C
Скопје
10:27 - 26 декември, 2025

КРЕАТОРОТ НА СЕРИЈАТА „SQUID GAME“: Не се збогатив од мега успехот

Хванг Донг-Хјук

Се проценува дека серијата „Squid Game“ која буквално го „полуде“ светот му донела на „Netflix“ околу 900 милиони долари, а снимањето чинело 21,4 милиони долари, наведува „BBC“. И покрај вртоглавите бројки, креаторот на серијата вели дека не се збогатил.

Хванг Донг-Хјук е умот што стои зад оваа мега популарна серија за која вели дека и покрај глобалниот успех не се збогатил. Тој вели дека, во споредба со освоените 36 милиони долари, колку што добива победникот на дистописката игра во неговата серија, тој сè уште не е толку богат.

„Доста ми е. Имам доволно за да ставам храна на масата. И не е дека „Netflix“ ми плаќа бонус. „Netflix“ ми плати според изворниот договор“, изјави тој во интервју за „The Guardian“, додавајќи дека за време на снимањето изгубил шест заби поради екстремен стрес.

Како серијата „Squid Game“ ја откри страшната вистина за светот во кој живееме?

„Беше физички и психички исцрпувачки, но постојано добивав нови идеи за време на снимањето, па работата се зголеми“, откри тој.

„Wall Street Journal“ претходно објави дека Хванг живеел со неговата мајка и баба додека го пишувал сценариото за серијата и имал финансиски потешкотии. Во еден момент, тој дури морал да престане да го пишува сценарио за серијата за да го продаде својот лаптоп за 675 долари во готово.

Стриминг платформата „Netflix“ го удвои бројот на претплатници во третиот квартал благодарение на ТВ сериите од неанглиското говорно подрачје, меѓу кои е секако јужнокорејскиот хит „Squid Game“, кој воедно беше и најгледаната серија по нејзината премиера во септември.

Хванг за „IndieWire“ изјави дека серијата се заснова на проблемите ширум светот, вклучувајќи ја и економската криза во Јужна Кореја која го погодила и него.

Иако успехот на серијата е несомнен, зачудувачки е фактот што студијата 10 години ја отфрлале приказната, која првично била напишана како филм, бидејќи концептот бил „премногу гротескен и премногу нереален“.

Во моментов се зборува за снимање на втората сезона, но креаторот на серијата не е воодушевен од идејата. Претходно тој за „The Hollywood Reporter“ изјави дека изгубил шест заби поради стресот од снимањето на првата сезона.

„Немам добро развиени планови за „Squid Game 2“. Прилично е заморно да се размислува. Ако го направам тоа, сигурно не би го направил сам. Би размислувал за користење просторија со писатели и би сакал поискусни режисери“, изјави Хванг за „Variety“.

Слични објави

(Фото) Северина изненади со новата објава: „Ова е мој последен Божиќ во овој стан“

Еспресо

Еве колку стотитци илјади евра заработила Цеца од Јутјуб! Не снимила албум 10 години, а ги руши сите рекорди, ги покори и Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија…

Еспресо

(Фото) „Не се жртвувам, не спасувам никого“: Весна Бејби го смени животот од корен

Еспресо

„Не сум видела никаква алиментација“: Сања Маринковиќ си ја отвори душата за разводот

Еспресо

(Фото) Ѝ беше како татко: Познатата актерка се прости од свекорот со срцепарателни зборови

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Биковите ќе наидат на поддршка во работата, Девиците ќе избегнуваат конфликти со блиските

Еспресо
Се вчитува....