21.8 C
Скопје
13:44 - 16 април, 2024

Како серијата „Squid Game“ ја откри страшната вистина за светот во кој живееме?

squid game

Најновата јужнокорејска серија „Squid Game“ која неодамна беше прикажана на „Netflix“ и во која 456 херои во очајна борба во играта на животот и смртта, се борат за награда од 38 милиони долари, стана инстантен хит низ целиот свет, а веројатно ќе стане и најгледаната серија на сите времиња.

Ку Лонг-Хјун, 35-годишен канцелариски службеник од Сеул, никогаш немал можност да се соочи со маскирани чувари или воинствени ривали подготвени на сè, како што е случајот со ликовите во серијата, но рекол дека сочувствува со нив и нивниот обид за борба за опстанок во земја со голем социјален јаз. Ку се издржува со социјална помош и работи хонорарно, откако ја загубил постојаната работа.

„Речиси е невозможно да се живее нормален живот со редовна плата во град со ненормално зголемени цени на недвижностите“, изјави Ку за „New York Times“. Како и многу млади луѓе во Јужна Кореја, но и низ целиот свет, Ку тврди дека конкуренцијата во постојаната борба (за сè помолао парче леб) расте, исто како што е прикажано во серијата „Squid Game“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SQUID GAME (@squidgame_netflix)

Сличностите со реалниот живот помогнаа оваа серија од девет епизоди да стане меѓународна сензација. „Squid Game“ во моментов е најдобро рангирана серија на „Netflix“ во САД и е на пат да стане една од најгледаните во историјата на прикажување.

„Има големи шанси „Squid Game“ да биде нашето најголемо шоу досега“, истакна Тед Сарандос, еден од извршните директори на „Netflix“, на неодамнешната деловна конференција.

Серијата со сите свои културолошки, естетски, „гејмерски“ и гастрономски одлики е лесно прифатена на сите меридијани. Уникатните и минималистички црни маски кои ги носат бруталните чувари станаа вистински хит, како и корејските брутални детски игри. Рецептите за далгона, сладок корејски деликатес, кој е централен мотив на особено напната пресметка, исто така станаа вирални.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SQUID GAME (@squidgame_netflix)

По примерот на популарните „Hunger Games“, „Squid Game“ го држи вниманието на гледачите со својот напнат тон, циничен заплет и сцени на насилство. Дури и омилените ликови во серијата не се поштедени од насилна смрт. Спознавањето дека успехот сè потешко се постигнува и дека разликите меѓу богатите и сиромашните се сè поголеми е исто така уште еден од многуте слоеви на оваа возбудлива екранизирана приказна.

„Приказните и проблемите на ликовите имаат исклучително изразен личен печат, но се занимаваат и со проблемите и реалноста на корејското општество“, вели креаторот на серијата, Хванг Донг-Хјук. Тој го напишал сценариото за филмот во 2008 година, кога многу од трендовите што може да се видат во серијата станале евидентни, но тој го преработил со додавање на нови феномени, вклучувајќи го и влијанието на коронавирусот. Во моментов се водат преговори за новата сезона на серијата.

По филмот „Parasite“, добитник на Оскар, „Squid Game“ е последниот во низата јужнокорејски проекти што привлече огромно внимание кај гледачите низ целиот свет. За многу кратко време, Јужна Кореја стана една од најразвиените азиски земји, што ја забрза и големата поделба меѓу богатите и сиромашните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SQUID GAME (@squidgame_netflix)

„Јужнокорејците некогаш имаа силен дух на заедништво“, вели Јун Сук-Јин, книжевен критичар и професор на Катедрата за современа литература на Националниот универзитет Чунгнам. Тој вели дека азиската финансиска криза од крајот на 1990-тите го убила секој сон за раст на нацијата и ги натерала луѓето секој да се бори сам за себе.

Земјата сега се наоѓа на 11-то место во светот според нееднаквоста во приходите, судејќи по истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој.

„SquiD Game“ ја прикажува иронијата на јужнокорејското општество: константниот притисок да се успее и тешкотијата да се направи тоа“, вели дипломираната студентка Шин Лиун, која дипломирала во јануари 2020 година, непосредно пред почетокот на пандемијата. Таа вели дека поминала повеќе од една година во потрага по постојана работа.

Главниот јунак во серијата е Сеонг Џи-Хун, 40-годишен коцкар, кој не може да си дозволи соодветен роденденски подарок за својата ќерка или да плати медицински трошоци за лекувањето на неговата мајка. Му се дава можност да учествува во безмилосната и фатална игра, која е наменета за забава на богатите. За да ја добијат наградата од 38 милиони долари, натпреварувачите мора да поминат шест рунди од традиционални детски игри во Кореја. Неуспехот во играта значи моментална смрт.

Сите 456 натпреварувачи во играта претставуваат проблеми во јужнокорејското општество.  Младите луѓе брзо се идентификуваа со нив, бидејќи се опседнати со начините за брзо богатење, како што се купување криптовалути и лотарии. Јужна Кореја има еден од најголемите пазари за криптовалути во светот.

„Се прашувам колку луѓе би учествувале во оваа игра доколку се одржуваше во реалниот живот“, заклучи Ку, херојот од почетокот на приказната.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ доживеала несреќа: Покажа страшни повреди и крвави рани на лицето

Еспресо

(Видео) Брејк отиде во народњаци, отвора радио „Естрада“: Ќе се занимава со народна музика

еспресо

(Фото) Урнебесен оглас закачен на бандери: Харис Џиновиќ бара жена, можеби ќе има среќа

еспресо

Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Ова е нејзината листа на желби од организаторите

еспресо

Астропрогноза за вторник, 16 април: Раковите ќе влетаат во љубовна афера, за Рибите вртоглави можности

еспресо

Трамп против порно-актерката: Прв дел од судењето

еспресо
Се вчитува....