2.8 C
Скопје
03:03 - 25 март, 2026

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со стил: од Битлси до Квин и Колдплеј, ова е финалната плејлиста

Сè е подготвено за претстојно крунисување на Чарлс Трети кое е закажано за во мај, а Спотифај (Spotify) штотуку ја објави официјалната плејлиста на Прославата на крунисувањето, со импресивна постава на британски легенди и современи поп ѕвезди кои сигурно ќе ја подгреат атмосферата во празнично расположение.

Плејлистата од 27 песни, избрана од Одделот за дигитални, културни медиуми и спорт на Обединетото Кралство, вклучува класици како што се „We Are the Champions“ на Квин и „Let’s Dance“ на Дејвид Боуви.

Покрај овие легендарни нумери, плејлистата содржи и некои модерни поп хитови од ѕвезди како Хари Стајлс, Ед Ширан и „Running Up That Hill (A Deal With God) на Кејт Буш, која се здоби со обновена популарност благодарение на 4-та сезона од „Stranger Things“.

Плејлистата за Coronation Celebration започнува со „Come Together“ на Битлси и завршува со „King“ од британското синт-поп трио Years & Years. Сепак, вреди да се напомене дека Rolling Stones, веројатно најголемиот жив бенд во Британија, се забележително отсутни.

Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III, која ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија, несомнено ќе се обиде да ја прифати модерноста по 70-годишното владеење на покојната кралица Елизабета Втора.

Во меѓувреме, на 7 мај, вечерта во замокот Виндзор ќе се одржи Концертот за крунисување и ќе биде емитуван од Би-Би-Си. Сепак, според повеќе извештаи од британскиот печат, неколку уметници, вклучувајќи ги Елтон Џон, Адел и Хари Стајлс, ги одбиле барањата за настап на оваа голема прослава.

 

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....