20.3 C
Скопје
23:31 - 19 јуни, 2026

Кралот Чарлс Трети ѝ дал посебен прекар на Меган Маркл: „Малку е чудно, но мислам дека тој навистина ја почитува“

Кралот Чарлс Трети наводно има прекар за неговата снаа Меган Маркл, што го привлече вниманието на многумина поради тензијата што се чувствува меѓу неа и Хари и остатокот од кралското семејство.

„Чарлс, наводно, на својата снаа ѝ го дал прекарот „волфрам“ поради нејзината цврстина и издржливост“, пишува кралскиот експерт Кејти Никол во својата нова книга „Новите кралски семејства“.

Волфрамот, всушност, има највисока точка на топење од сите метали и се додава во легурите на други метали за да ги зајакне.

Кога војвотката од Сасекс зборуваше на форумот на Кралската фондација во февруари 2018 година, неколку месеци пред таа и принцот Хари да се венчаат, другите членови на семејството го забележале тоа.

Според еден од присутните, тоа бил моментот кога Вилијам и Кејт, која тогаш беше бремена, сфатиле дека треба да ја подобрат својата игра, тврди Никол во книгата.

„Кејт и Вилијам веќе ја навестуваа својата намера да бидат нешто повеќе од парадни фигури и заедно со Хари постигнаа огромен успех во нивната кампања за ментално здравје“, пишува таа и додава дека Меган била главната ѕвезда меѓу нив четворицата.

„Таа беше учтива, страсна  и забавна, ги користеше сите нејзини вештини и искуство од телевизијата да го претстави својот случај. Тоа беше моментот на будење за Вилијам и Кејт, кога сфатија дека Меган е многу импресивна, многу самоуверена и многу способна“, пренесува usmagazine.

Уредникот на кралските вести Расел Мајерс првпат го спомна прекарот кој Чарлс ѝ го дал на Меган во 2019 година во една британска емисија.

„Малку е чудно, но мислам дека тој навистина ја почитува“, изјави експертот. „Тој мисли дека таа добро се снаоѓа со медиумите“.

Потоа, од 2020 година, кога Меган и Хари влегоа во конфликт со кралското семејство откако се откажаа од своите должности, а особено по смртта на кралицата оваа година, многу се зборуваше за нивниот однос со новиот крал.

„Сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган зашто тие продолжуваат да ги живеат своите животи во странство“, рече новиот крал во својот говор на инаугурацијата.

„Мислам дека кралот многу јасно стави до знаење дека сака да го залечи јазот“, заклучи уредникот Расел.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....