01:12 - 9 април, 2026

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИМА ПЛАН ЗА СВОЈОТ ПОГРЕБ: Сè е испланирано до последен детаљ

кралица елизабета

Документите што протекоа во јавноста даваат нов увид во плановите за погребот на кралицата, вклучително и контроли на социјалните медиуми и ВИП билети за посета на нејзиниот ковчег, пренесуваат странските медиуми.

Смртта на кралицата е планирана со код – „Операција Лондонски мост“, а погребот наводно ќе се одржи 10 дена по нејзината смрт.

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Тој ден нема да биде прогласен за државен празник, а на работодавачите ќе им биде кажано сами да одлучат дали ќе им дадат слободен ден на своите вработени или не.

Исто така, тогаш сите владини и кралски веб-страници и профили на социјалните медиуми ќе имаат црн транспарент, а владините службеници нема да смеат да бидат активни на социјалните медиуми, освен ако не им е дозволено да го сторат тоа со добра причина.

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во деновите што следат, ковчегот на кралицата во поворката, наводно, ќе биде пренесен од Бакингамската палата во Вестминстерската палата, каде што ќе биде отворен за посетители три дена по 23 часа на ден. ВИП личностите кои сакаат да го видат ковчегот, наводно, ќе добијат специјални билети, на кои ќе им биде означено времето на посета.

Сепак, владата изразила загриженост дали државата ќе може да се справи со таков настан. Различни оддели покренале прашања за способноста на земјата да се справи со приливот на странски туристи, пренатрупаноста на главниот град и можноста за терористички напади.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....