18:01 - 10 април, 2026

КОНЦЕРТ НА „Seine“ во МКЦ: 7.9.2021

„Seine“ е десетгодишен кантавторски проект на Иван Шчапец. По распаѓањето на неговиот матичен бенд, му се приклучуваат Димитриј Петровиќ (Власта Попиќ, Радост!) и Бошко Мијушковиќ (Straight Mickey&the Boyz, Туристи, Шкртице…).

Истата година бендот победува на најголемиот натпреварувачки фестивал на демо-бендови на Балканот – ДЕМО ФЕСТ, кој се оддржува во Бања Лука (БиХ), заминуваат на турнеја и го снимаат
својот дебитантски албум.

ФОТО: Приватна архива

На почетокот на 2017 година бас-гитарата ја презема Иван Гробенски (Moskau, Bubblegum…), a кратко потоа изелезе и првиот албум наречен „Sno Sna“ за култната словенечка продукциска куќа Moonlee Records, во соработка со францускиот лејбл VOX Project.

По напуштањето на бендот од страна на Гробенски, бендот продолжува како дуо и го издаваат првиот сингл „Nebo“, кој го следи и stop-motion видеоспот во режија на Марина Узелац.

Нивниот втор албум „22“ излезе во 2019 и наиде на одлични критики од публиката и музичката критика во регионот. На почетокот на 2020 бендот беше номиниран за наградата IMPALA за најдобар европски независен албум. И покрај ситуацијата и сите откажани настапи и турнеи, бендот ги поминува деновите во студио работејќи на својот трет албум, најавен за есен 2021.

Пред некое време SEINE повторно стана трио, на бендот му се приклучи Ватрослав Живковиќ (Nemeček, litl itali) на бас и електроника.

* Влезот е слободен. Концертот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање на настани во отворен простор.

 

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....