-5.2 C
Скопје
05:19 - 25 ноември, 2024

(Фото) Која е впечатливата убава русокоса жена која му го предаде мечот на кралот Чарлс: Неочекувана ѕвезда на крунисувањето

Меѓу највпечатливите учесници на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила беше секако Пени Мордоунт, впечатлива русокоса жена која му го предаде мечот на кралот. Милиони гледачи ширум светот се прашуваа која е жената во сино-зелен фустан, но 50-годишната политичарка им е доста добро позната на Британците.

инстаграм

Пенелоп Мери Мордоунт е членка на Конзервативната партија која била на различни функции, водејќи шест различни министерства од 2015 година (меѓу другото, таа беше првата жена на чело на Министерството за одбрана), а моментално е лидерка на Долниот дом на британскиот парламент.

На таа позиција дојде за време на краткотрајниот мандат на премиерка Лиз Трас, по чија оставка на 20 октомври 2022 година Мордоунт, тогашен државен министер за трговска политика, влезе во трката за лидерство на партијата, а со тоа и за функцијата премиер на Обединетото Кралство. Но, таа не успеа да ја добие потребната поддршка од сто претставници, па мораше да се повлече од трката и актуелниот премиер Риши Сунак ја доби позицијата без противкандидат. Сунак ја задржа Пени Мордоунт во Кабинетот, а таа остана на чело на Долниот дом и ја држи позицијата на претседавач на меѓуресорскиот Совет. Токму од оваа позиција Мордоунт свечено ја објави смртта на кралицата и го прогласи Чарлс за нов британски крал, два дена по смртта на Елизабета Втора, пишува „Гардијан“.

На крунисувањето, Мордоунт беше одговорна за протоколарната должност да го носи државниот меч и да му го предаде мечот со скапоцени камења на кралот. Таа е првата жена носител на меч на кралските крунисувања, па се погрижи добро да ја запаметат – наместо церемонијалната црна и златна дворска наметка што обично ја носат во протоколарни прилики, таа носеше поженствен и повпечатлив фустан со наметка, направен специјално за неа од модната куќа „Сафија“.

Лентата за коса и наметката се украсени со златен вез со листови од папрат, кои на изгледот на политичарката дадоа антички шмек, а за нив се погрижи ателјето „Хенд енд Лок“.

Сите имаа само пофални зборови за импресивниот изглед на Пени. Политичарката Емили Торнбери од Лабуристичката партија на Твитер напиша: „Носителката на мечот го украде шоуто“, а нејзиниот колега Крис Брајант се пошегува: „Пени е помоќна од мечот“. Токму поради вниманието што го привлече, многумина ја споредија со моментот од свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кетрин во 2011 година кога сите зборуваа за сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон.

Мордаунт носеше не еден, туку два меча за време на церемонијата. Прво, во поворката до опатијата, таа го носеше државниот меч од 17 век, а подоцна го замени со меч украсен со скапоцености – држачот на мечот е обложен со дијаманти, рубини и смарагди.

Мечот ја симболизира кралската моќ и способноста да се одлучува помеѓу доброто и злото, како и прифаќањето на должноста и витешките доблести од страна на кралот.

Кога ја прашале како се чувствува во присуство на кралот со „големиот остар меч“, таа одговорила дека чувствувала „ужасна тежина на одговорност“.

Мортаунт оцени дека церемонијата е исклучително важна за нејзината земја и смета дека монархијата опстојува „бидејќи постојано се прилагодува и менува и е секогаш актуелна“.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....